речник контакт

Избрани се седумте Светски чуда на природата

Кои се пределите кои го фасцинираат човештвото , но и го задолжуваат да ги сочува

Петар Печков

Амазон,  Заливот  Халонг во Виетнам, Игуацу водопадите на границата помеѓу Бразил и Аргентина, островите Јејудо на југот од Кореја, островите Комодо во Индонезија, подземната река  Пуерто Принцеза на Филипини и  Рамната Планина во Јужна Африка, се 7-те Светски чуда на природата.

Нив ги избраа гласачите а во потесниот круг од 28   беа и Мртво море во Израел, врвот Килиманџаро во Танзанија  , Гранд кањонот во САД, островите Галапагос, врвот Матехорн во Италија, Ангелските водопади во Венецуела,  Везув во Италија...

 Претходно во голема акција преку интернет, беа избрани Новите 7 Светски чуда во 2007-та и тоа се: Чиченица во Мексико, Исусовиот Крст во Сао Паоло Бразил, Колосеумот во Рим  Италија,  Таџ Махал во Њу Делхи Индија, Големиот Кинески ѕид,  Петра во Јордан, Мачу Пичу во  Перу.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »