Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2013
На брегот од езерото Младост се изгради спасителен пункт, прв од таков вид во пет децениското постоење на вештачката акумулација, близу Велес. Објектот од кој се пружа целосен преглед на водената површина е изграден на влезот од езерото, од правец на Велес. Дежурни лица на пунктот ќе има секој викенд и секој празник, целата летна сезона и тие оваа работа ја извршуваат волонтерски.
Десет годишната визија како индивидуални спасители на вода и две и пол годишната цел како организација, здружението Македонски спасител конечно ја остваривме поставувајќи го првиот спасителен пункт на езерото Младост. Така само ја продолжуваме мисијата и стратегија која започнавме ланската година за обезбедување на езеро Младост со спасители. Посетителите тука ќе знаат точно каде да се обратат за информации од безбедносен карактер за водата и за плажите – вели Ангел Пановски од Здружението за безбедност на вода Македонски спасител.
Стручните лица годинава се опремени со специјална спасителна опрема која е донација од Калифорнија – САД. Спасителниот пункт е изграден со помош на Општина Велес и ЕВН – ЕСМ.
Tweet |