Петар Печков
Објавено: вторник, 06 септември 2016
Попладнево на автопатот Градско –Велес, кај надвозникот кај село Паликура се случила сообраќајна несреќа, во која има едно тешко повредено лице.
Според информацијата од СВР Велес таа се случила во 14,40ч. кога камион излетал од коловозот, при што едно лице е повредено.
Случена е сообраќајна несреќа во која товарно возило марка „форд транзит“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.Ѓ. (25 год) од Скопје излетало надвор од коловозот во правец на движење - изајвија од СВР Велес. Тој со возило на Итната помош е превезен во велешката Болница.
Донесен е тешко повреден пациент, со политрауми. Има повреди на глава, граден кош и лева рака. Реанимиран е и веднаш препратен во Ургентен во Скопје - изјави д-р Петре Кодовски, портпарол на Општа Болница Велес. На местото на настанот биле увидна екипа на Јавен обвинител и Полициска станица Кавадарци.
Tweet |