Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2015
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела на авторката Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник од Гевгелија. Изложбата во Велес е нејзина 20-та самостојна изложба и пред публиката се претстави со 35 дела работени во акрил и цртежи во комбинирани техники.
Делата според ликовните критичари се движат во правец на апстрактната сфера на релација од имагинативно преку лирската апстракција, до асоцијативно и знаковното изразување.
Светот во кој живее и твори авторката го доживува на интересен начин како набљудувач. Открива бурни содржини кои впечатоци ги претвара во сложени претстави - рече Љубица Кондијанова директорка на Музејот на град Скопје, отворајќи ја изложбата. Мирјана Крстева Массети е член на ДЛУМ од 2010 година и добитник на награди и признанија, меѓу кои и на посебна награда ОСТЕН, Светска галерија на цртеж.
Tweet |