речник контакт

Изложба на скулптури од Стевановска и Брцески во Велес

Во Ликовниот салон отворена е изложба ,,Македонија,, и ,,Компаративна игра“

Петар Печков

Во Ликовниот  салон во  Велес  отворена  е изложба  ,,Македонија,, и ,,Компаративна игра“  на скулптури од Валентина К . Стевановска и Миле Брцески.  Валентина К. Стевановска преку четири  реплики на штитовите на македонската фаланга ни ја презентира  дел од  историјата и традиција, 

Следејќи го својот порив,  трансформирајќи ја сложената приказна на македонското битисување , визуелно,  Стевановска уметнички ја претставува во едно постмодерно разбирање на уметноста.   Миле Брцески   пак низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционални вредности, ја прикажува  играта на човекот- дете, преку полното и празното, преку блискоста и далечината  - изјави Елица Николова директора на Народниот музеј од Велес.  

Скулпторката Стеваноска на поширока јавност и е позната како автор на  некои од спомениците од проектот Скопје 2014-та меѓу нив и грандиозниот   Коњаникот во центарот на Скопје.  Брцески се преставува преку пет композиции, реално –фигуративни  човечки форми, изработени од метал, што за него е бунт против модерното живеење и технологијата. И тој има изработени  дела во проектот Скопје  2014-та, еден од нив е  споменикот Тодор Александров во Кисела Вода.  Изложбата ја отвори директорот на  Управата за културно наследство Виктор Лилчиќ.

Необично се радувам кога се случуваат  вакви  високо цивилизациски настани,. Со овие промоции покажуваме како земја колку високо сме ја вивнале   современата македонска цивилизација.  Долго време македонската скулптура долго време беше претставувана од малкумина автори.  Но со доаѓањето ан оваа Влада од 2006-та се случи промени, за што сите сме сведоци. Се даде шанса на младите автори, скулптори, кога  освен на современите текови се даде шанса и на традицијата  - изјави Лилкиќ. Изложбата ќе биде отворена следните 10-тина дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »