речник контакт

Измамил две лица со ветување дека ќе ги вработи

Мерван Идризов доби условна затворска казна но и обврска да ги врати парите, ако не в затвор

Петар Печков

Мерван Идризов  (37  год)  од Горно Јаболчиште доби условна затворска казна за измама.  Тој го призна делото по што во Основен суд Велeс му беше изречена алтернативна затворска казна, од петок месеци кои ќе  ги  отслужи ако во рок од две години  не стори ново кривично дело.

Hо и да ја исполни обврската, односно на оштетените  да им ја надомести штетата во определениот рок.  Идризов  има обврска на оштетените Д.Н .од Велес    и В.Ч. од Битола да им плати надомест на штета и тоа петстотини евра на првиот и 1,1 илјади  евра   на вториот  во износ во рок од 12 месеци од правосилноста. Ако тоа  не го стори ќе оди затвор  пет месеци.   

Според обвинението  Мерван Идризов во временскиот период од есента 2015 година до пролета 2016 година, во Велес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги довел и држел во заблуда оштетените Д.Н. од Велес и В.Ч. од Битола. На Д.Н. му ветил дека преку луѓе од власта ќе посредува неговата сопруга да се вработи во УЈП, за што во два наврати пролета2016 година му побарал по 200 евра, а во еден наврат 100 евра, кои пари ги добил.

На оштетениот В.Ч. му ветил дека преку висок функционер од власта ќе посредува да се вработи во МВР, за што му побарал во месец Февруари 2015 година 500 евра, а во месец Ноември 600 евра, кои  ги добил но  Идризов  не го исполнил ветеното вработување, ниту пак им ги вратил парите на оштетените.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »