речник контакт

Има 160 времени објекти во градот а не плаќале кирија

Се изготвува план за урбана опрема. Со него времените објекти во градот ќе служат само за цвеќарници и киосци за весници, за храна никако

Петар Печков

Проблемот со времените објекти кои ги има низ градот ќе се решава преку изработка на план за поставување урбана опрема. Така ќе се стави крај на  времените објекти кои ја изгубија нивната основна намена  и од мали киосци станаа дракстори или продавници. Како реакција на ваквата состојба оформен е граѓански совет во кои има повеќе од сто лица, кои се незадоволни од проблемот со постојните времени објекти.

Градот доби грозен изглед со овие времени објекти. Тие од мали киосци од 5-6 квадрати станаа продавници со квадратура од 25 и повеќе квадрати. На потегот од фонтаната кај Авона до Автобуската станица има 121 ваков објект. Ако се видат останатите градови во земјава, на главната улица, Прилеп, Битола, Штип, Скопје нема такви објекти, нема барака или гаража претворена во деловен објект – пишува во писмената реакција на граѓанскиот совет, кои во документацијата имаат повеќе од сто потписи на незадоволни велешани.

Тие бараат да се застане на пат на работата на нелегалните времени објекти, кои дури и се изнајмуваат преку огласи  иако тоа не е законски.  Локалната власт најавува дека  работи на системско решавање на овој проблем.  Според нивните проценки  во градот имало околу 160 времени објекти.

Се изработува план за урбана опрема, со кој ќе се стандардизираат нивните изгледи,  регулираат локациите и начинот на издавање. Во овој момент ниту еден од сопствениците не плаќа никаква давачка ниту во општината, ниту на друго место. Тие се лоцирани во централно градско подрачје а не плаќаат. Преку јавно наддавање со планот за урбана опрема овој проблем ќе се реши, во рамките на Законот. Тој пропишува дека  овие времени објекти можат да бидат само киосци за весници и цвеќари, храна никако не може да  се продава – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  Отпочнувањето на решавањето на овој проблем тој го најави за месец мај. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »