Петар Печков
Објавено: среда, 28 јули 2021
Инфективното одделение од велешка Болница повторно е ковид центар. Од денес таму има хоспитализирано лицe, позитивно на корона вирусот, кое имз здравтвени проблеми.
Потврда стигна од портпаролот на оваа здравствена институција.
„На инфективно одделение хоспитализиран е еден пациент позитивен на ковид-19.“ - кажа портпаролот д-р- Елеонора Јованова
Во Велес денес има еден нов случај на позитивен на ковид-19, соопштија од Институтот за јавно здравје, откако го објави билтенот за изминатите 24 часа.
Со ова бројот на активни случи во велешко е пет лица.
Tweet |