речник контакт

Иселените од Рамина останаа без кирија

И додека тие стравуваат дека ќе бидат иселени од куќите каде се времено сместени, од Министерството уверуваат исплатата ќе продолжи

Петар Печков

Дел од жителите на свлечиштето Рамина протестираа и реагираа што два месеци средствата кои ги добиваа како кирија не им се исплатени.  Тие овој надомест го добиваа 11 години, затоа што нивните куќи се оштетени или срушени од свлечиштето,  па мораат да живеат како потстанари, во други делови од градот.

Газдите на објектите каде живеат веќе има порачале дека ако не се плати до крајот на месецов да си бараат нов дом, бидејќи кај нив не можат повеќе да стануваат.    Ова беше причина иселените лица  да се соберат на Рамина и да го искажат незадоволството.

Сите надоместоци што државата ги исплатува, и за трето дете и социјална помош се е исплатено. Само за нас за иселените од Рамина нема пари за кирија. Ако нема кирија тогаш нека ни обезбедат куќи каде да живееме. Од кога ветуваа дека  ќе изградат станови, ништо од тоа. Само 18 бугарски бараки, кои по 12 години сега се во лоша состојба – вели Таир Алиев од координативното тело на групата на иселени лица од Рамина.

Станодавците веќе им најавиле дека ако не платат до крајот на април, мораат да се иселат од куќите каде живеат, повеќе од два месеци долг не можеле да толерираат. Тоа било причината тие да се соберат и побараат ова прашање да се реши во наредните седум дена.  

Кога отидовме да живееме под кирија, децата беа малолетни. Сега по 11 години пораснаа. Затоа ни овој живот под кирија не е решение. Ни најавуваа станбена зграда наменета за нас, ама ништо  од тоа. Велат дека е решено свлечиштето Рамина. Може земјата не се лизга, ама проблемот со луѓето остана. Одиме сега од роднина кај роднина ќе се снаоѓаме, не знаеме дали сме избришани за киријата или има некој проблем кој е времен – вели  Бошко Иванов .

Околу 60-тина принудно  иселени  семејства добиваа изминатите 11 години секој месец  преку Министерството за труд и социјална политика од 50 до 75 евра кирија, во зависност од бројноста на семејствата. Како одговор на овие реакции на жителите на Рамина,  се јавија од Министерството со краток одговор, дека ,,исплатата  на средствата ќе  продолжи редовно,,. Но не прецизираат од кога и зошто е застојот од два месеци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »