Петар Печков
Објавено: четврток, 03 април 2014
Претставена e програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Велес
Познати се локациите низ градот на урбаната опрема која се времени објекти. Објектите кои ќе работат можат да извршуваат дејнoст која се однесува на: опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници.
Урбана опрема како времени објекти може да се псотави на:
1. На ул. „Благој Ѓорев”,кај касарната спроти бр.175, (на плоштатката кај пешачкиот мост) 2 (два) објекта 3х3 м (9м2);
2. Над влезот на касарната, 1 (еден) објект 3х3 м (9м2) на ул.„Благој Ѓорев“ спроти бр.135-137;
3. На ул.„Благој Ѓорев”, на автобуската постојка кај касарната, 1 (еден) објект 3х3 м (9м2);
4. По ул.„Борис Трајковски” од спојот на ул.„ III Кумановска ударна бригада“, спроти ООУ „Васил Главинов“ 6 (шест) објекта 3х3 м (9м2);
5. Спроти трговскиот центар,на ул.„Борис Трајковски” до раскрсницата со ул.„Благој Ѓорев”, 7 (седум) објекта 3х3 м (9м2);
6. На раскрсница на ул. „8-ма Велешка бригада” со ул.„Благој Ѓорев” 7 (седум) објекта 3х3м (9м2);
7. На ул.„Благој Ѓорев”, кај стоковна куќа- Бос, 4 (четири) објекта 3х3 м (9м2);
8. На ул.„Благој Ѓорев“ кај раскрсницата со ул. „Љубљанска“, 2 (два) објекта 3х3 м (9м2);
9. На ул.„Благој Ѓорев”, на раскрсницата со ул.„Васил Ѓоргов” 1 (еден) објект 3х3 м (9м2);
10. На ул.„Благој Ѓорев”, спроти дворот на поранешен Офицерски Дом, 1 (еден) објект 3х3 м (9м2);
11. Во кругот на болницата или пред влезот 2 (два) објекта 3х3 м (9м2);
12. Во близина на црквата Св.„Пантелејмон“ 1 (еден) објект 3х3 м (9м2);
13. Во близина на црквата Св.„Спас“ 1 (еден) објект 3х3 м (9м2);
14. На ул „11 ти Октомври“ спроти ординација на др.П.Арсов, 3 (три) објекта 3х3 м (9м2)
15. На ул. „ХристоТатарчев“ спроти влезот на ООУ „Васил Главинов“, 2 (два) објекта 3х3м (9м2) и
16. На ул. „ХристоТатарчев“ спроти влезот на интернатот,1 (еден) објект 3х3 м (9м2).
Издавањето на микролокациите за поставување на урбаната опрема на земјиште во сопственост на Република Македонија, ќе се спроведува по пат на јавна и транспарентна постапка, по спроведен јавен оглас,од страна на комисија формирана од Градоначалникот.
За локациите кои се утврдени на замјиште чиј корисник/сопственик е друго правно или физичко лице, задолжително е потребно одборение за поставување, издадено од Градоначалникот на општината.
Tweet |