речник контакт

Како Богомилчани си го спасија селото од огнот (фото)

Мештаните заедно со авионите и луѓето на ДЗС, вработени од ШС Бабуна и ТППЕ ја сопреа огнената стихија, која стигна до црква Св. Спас

Петар Печков

Огнот кој неколку дена беснееше  во околината на село Богомила, кочено во неделата  попладне  е локализиран. Пламенети јазици стигнале до црквата Св. Спас и со училиштето, но со акција на локалното население, заедно со повеќе држави служби селото било спасено од огнената стихија. 

Неколку дена Богомила беше зафатена со опасни пожари кои што можеа да предизвикаат големи штети особено во горниот дел од Богомила околу манастирот Св. Спас. Таму  беа загрозени и куќите но благодарение на месната заедница, месното население ,помошта на авионите и против пожарната единица од Велес пожарот беше изгасен – објави на ФБ месната заедница Богомила.  

Во гаснењето на огнот учествувале екипи луѓе на Дирекцијата за заштита и спасување и нивни авиони, пожарникари од ТППЕ, вработени во шумското стопанство ,,Бабуна,,.

Фото: ФБ  МЗ Богомила

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »