Петар Печков
Објавено: сабота, 13 март 2021
Децениски обичај било за чист понеделник прв ден по Прочка, а се оди во Башино село. Тоа било и прошетка но и можност да гослук на велешани кај нивни блиски, пријатели или роднини во ова село, на влезот во Велес, од правец на Скопје.
За еден таков гослук, анегдота, како жителите на Башино село, го добија прекарот мусари, раскажува д-р Филип Тодоровски.
На некое семејство од Башино село некој пред Прочка им умрело мусето. Но за да не оди фиран, одлучиле да го сочуваат мртвото животно и да им го дадат на гостите од Велес, кои доаѓале кај нив за Чист понеделник. Го обработеле и подготвиле за на маса, познавајќи дека велешани биле гагаџии, дека иако на овој ден, Чист понеделник се пости, ќе биде изедено мусето. Такa и се случило, гостите дошле, домаќините прашале дали сакатe можеби месо, гостите не одбиле и послуженото месо биле изедено. По некое време, домаќините раскажале што било и како било а лутите гости, велешаните оттогаш ги завикале башиноселци МУСАРИ - раскажа сега пензионираниот доктор Филип Тодoровски, родум од Башино село.
Додава дека оваа анегдота се раскажувала од колено на колено кај жителите на селото.
фото архива на ТрМр велешани на излет за Чист понеделник во Башино село
Tweet |