Петар Печков
Објавено: вторник, 31 јануари 2017
Годинава новата црва Св. Кирил и Методиј,, ќе биде осветена, но за нејзино користење се јавува еден проблем. Тоа е приодот за возила до крштелницата која е во задниот дел, од страната на Младински парк.
До неа нема приод нема патека а просторот пред црквата е со мал капацитет за паркирање на автомобили. Или ако дојдат повеќе мина за овој христијански ритуал, крштевањето не ќе може каде да ги паркираат автомобилите. Затоа ТрМр го праша градоначалникот како планираат да ја решат оваа состојба.
Размислувавме за оваа ситуација, како да ја надминеме. Актуелното решение не е најдобро, оти има приод само од главната улица. Мора да се најде сообраќајно решение, бидејќи пешачки не е проблем. Изградивме паркинг простор во дворот на Гимназија, кај спортските терени, тој е за таа цел. За пристап со автомобили е потребна патека. Со новото решение кружен тек кај семафорите, нарачани се проектите, да одвоиме една патека која би се користела за приод до крштелница. За неколку месеци ќе биде готов проектот тогаш ќе видиме како е најдобро. Ако не паркингот ќе биде можност за гостите каде да ги остават автомобилите – изјави градоначалникот Чадиев.
Tweet |