Петар Печков
Објавено: недела, 05 мај 2013
Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден се дефинирани дури во 526 година.
Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти април до 8-ми мај што значи и два дена по Ѓурѓовден.
За илустрација до година Велигден ќе се слави заедно и по Јулијанскиот и по Грегоријанскиот календар, на 20-ти април. Заедно ќе биде и во 2017-та на 16-ти април. Во 2016-тата пак православните Велигден ќе го слават заедно со Први мај.
Tweet |