Петар Печков
Објавено: петок, 25 мај 2012
Калиопи успеа да се пласира во завршната финална вечер на Песната на Евровизија, која годинава се одржува во Баку Азербејџан. Таа се најде меѓу десетте земји кои ќе пеат в сабота на завршницата каде ќе биде во конкуренција 26 земји. Калиопи во финалето ќе пее како 22.
Последен македонски финалист беше Каролина Гочева во 2007-ма, по што имавме четири сушни години, бидејќи Врчак, Тамара и Адријан, како и Next Time, Ѓоко Танески и Влатко Илиевски не успеаја да се пласираат. Елена Ристевска, која со освоеното 12-то во Атина 2006-тата место е наш најдобро пласиран изведувач со нумерата ,,Нинанајна,,. Тоше Проески во 2004-тата кога пееше во Истанбул со ,,Ангел си ти,, како финалист се пласираше на 14-тото место.
Ова е второ учество на Калиопи на Евросонгот. Таа пееше и 1996-тата кога со ,,Само ти,, не обезбеди пласман во финалето.
Tweet |