Петар Печков
Објавено: петок, 31 август 2018
Од почетокот на месецов во населба Чашка работи канцеларија на Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Велес.
Така жителите од Општина Чашка имаат можност на лице место да ги добијат услуги од канцеларијата и тоа издавање на имотни листови и издавање на копии од план. Поради ова жителите на општината немаат потреба повеќе за овие документи да патуваат до Велес.
Во скоро време се очекува да се воспостави услугата исправување на грешки на сопственост кои ги имаат жителите од Општина Чашка за време на систематското запишување од излагањето на податоците од катастарот на недвижности.
Канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности работи секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. Со функционирањето на канцеларијата се приближуваат услугите на катастарот до жителите од Чашка.
Tweet |