Петар Печков
Објавено: сабота, 02 февруари 2019
СВР Велес информираше дека во четвртокот наутро во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.
При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Велешката полиција информираше за уште еден настан. Петокот попладне. во 18.45 часот на железничката пруга Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ машиновозачот забележал како на пругата лежи машко тело. По извршeниот увид утврдено е дека се работи за лицето М.О.(62) од Велес, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Велес.
Tweet |