Петар Печков
Објавено: петок, 15 февруари 2013
Велешката полиција најде два килограми марихуана кад двајца велешани, A.Ф. (43) и .Х.Е (35) за што заработија кривични и одреден им е месец дена притвор. Според СВР Велес А.Ф. поседувал поголемо количество на марихуана, која имал намера да ја продаде. Со таа цел стапил во контакт со Х.Е. и му дал 22 идентични пакувања со дрога со вкупна тежина од околу 2 килограми.
При тоа инсистирал да најде купувачи и да ја продаде. Со цел постојано да бидат во контакт А.Ф. му дал мобилен на кој постојано му се јавувал и барал да најде купувачи..Х.Е. конечно успеал стапил во контакт со непознати лица од Кочани и со нив договорил купопродажба на одредена количина на марихуана.
Во средата откако добил илјада денари од А.Ф: Х.Е. отишол со автобус во Кочани, но при рутинска контрола од страна на полицијата, сопрен е автобусот и е пронајдена дрогата , а Х.Е. е приведен во полиција. При извршениот претрес во неговиот дом е пронајдено 22 пакувања со опојна дрога марихуана, со вкупна тежина околу 2 килограми, за која тој објаснил дека е добиена од А..Ф. со цел продажба Против двете лица е поднесена кривична пријава за поседување и дистрибуирање на опојна дрога.
Tweet |