Петар Печков
Објавено: недела, 26 август 2012
Гостувањата на дуото Кирил Рибарски - тромбон и Милица Шперовиќ- Рибарски - пијано со целовечерен рецитал е закажано за в среда во 20,30 часот во Ликовниот салон. Влезот е беспатен. Кирил Рибарски е најпознат македонски и светски тромбонист и за него велат дека е Паганини на тромбон. Тој е надарен уметник од најголемиот формат во поглед на инструментално- техничкото мајсторство во свирење на тромбон. Неговата сопруга Милица Шперовиќ Рибарски ќе настапува на пијаното придружба. Тие во Велес имаат настапено само еднаш пред дваесетина години. Организатор е Народниот музеј од Велес.
Еве два линка од нивни изведби
http://www.youtube.com/watch?v=JYUpNO1W9ko&feature=relmfu
http://www.youtube.com/watch?v=kRKhtGiFoso&feature=related
Tweet |