Петар Печков
Објавено: вторник, 11 мај 2010
Ова важи и за велешките студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,а проектот е во рамките на Еразмус програмата,.
Студентската размена ќе се одвива во период од три до 12 месеци на високообразовни институции со кои битолскиот Универзитет има билатерален Еразмус - договор за интеринституционална соработка. Конкурсот за новата академска година е отворен до 20 мај, посочуваат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Годинава потенцијални универзитети за реализација на студискиот престој се Универзитетот во Љубљана, Словенија, Универзитетот во Ница, Франција, Високата школа за јавна администрација во Хоф и Високата школа за применети науки во Еберсвалде и двете во Германија.
Tweet |