Петар Печков
Објавено: недела, 28 јули 2013
Откако во Македонија немало пливки, помошно средство од опремата за риболов, велешанецот Коце Алексов пред 30 години започна со нивна изработка, за сега да стигне до совршенство. Овој негов хоби е негова преокупација, задоволство на кое целосно му се посветил и предал. Неговите пресметки зборуваат дека за овој период има изработено околу 60 илјади парчиња пливки.
Целта кога започнав ми беше да докажам Македонецот може да изработува пливки. Тогаш ги набавувавме од комшиите од нишлиите, кои при секое доаѓање изработуваа продаваа и тука. Јас како рибар се решив да започнам со изработка на пливки, да докажам дека и ние можеме а не да зависиме од соседите. Го прекупувавме и затоа започнав со сопствена изработка . Секоја пливка има своја приказна, своја изработка, своја тајна – вели шеесет и четиригодишниот Алексов, кој е страствен риболовец.
Не се фали дека уловил големи парчиња, туку напротив неговиот улов се помали, но вели повкусни риби. Има различни видови за мирни води за езера мориња и за брзи води –реки. Првата работа со која се зафатил е да најде соодветно дрво од кое ќе ги изработува. Започнал да работи со сирак - срцевината од метла. Немал соодветна суровина, па морал да ја бара по планини, ниви, се мачел додека не ја пронајде каде ја има. Тогаш се судрил со прв сериозен проблем, наишол на жива песок.
Иако не сум слушнал ниту знам дека ја имало во Македонија, наидов на таков терен. Тоа е близу Росоман. Почнав да тонам и за дел од секундата се фатив за коренот од дрвото, инаку отидов. Тоа беше пред пет години, добро го помнам местото, сега го избегнувам. Не верувам дека некој го знае. Ова работа со која се бавам е иновација, треба да се скори метлата, да се направи корисна – додава Коце.
Следно нешто кое го усовршил, заедно со ќерката Аница, заштитата со која ги премачкува пливките е со лак кој не пука во вода, кој тие го пронашле по долго истражување и барање. Има пливки за разни видови риба крап, амур, црвеноперка, скобал. Сите се со флуоресцентна боја, жолта и црвена. Малите точести се за на река, долгнавестите за на езеро. Мора да има прецизна соработка, како часовничар.
Се што направив, создадов сам, без нечија помош. Експериментирав, испробував додека не дојдов до конечниот изглед на секоја пливка. Имам повеќе од три и пол илјади алатки за изработка на пливки, машините сам ги конструирав. Секоја тип на риба има свој вид пливка. Не продавам од ова, подарувам на пријатели, познаници. Кој дошол сум му дал. Сам ги пробам пливките, дома ми е ,,лабораторијата,, а на Тиквешко ги пробувам моите дела во пракса . Таму знам која е вистинската Бојата е од Јоле Конзулот тој ме снабдува – објаснува Алексов.
Се пофали дека по долга работа, создал нов пливка, ја нарече,,Пеперутка Коце Велес,, која ја нема видено на каталозите. Таа е сплосната и се врти околу себе. Сите досега познати се топчести оваа е во друга форма. Изработена од специфичен стиропор кој го носи од странство. Две години работел на неа. За неа не постои ветер и бранови. На секое време може да се лови на езеро. Тие што ловеле со неа, се фалат дека е многу корисна, полезна.
Експериментирам со месеци за да создадам нова пливка. Важна е осетливоста. Пливката е треба да се гледа, кога рибата се фатила таа потонува и кога ќе исчезне значи дека има риба на јадицата. Занаетот го оставам на двете ќерки. Има 53 езера и ќе имаат работа. Постојано експериментирам, создавам нови видови видови. Затворен сум во моите простории и се нешто проучувам. Најтешко ми беше кога работев со нитро бои, ми се случуваше да ме удрат во глава. Моравме со маски со активен јаглен да работиме, оти беше опасно по здравјето. Ми помага сопругата Милка – вели Алексов.
Преку велешки зет, бизнисмен со неговите пливки се лови на Алјаска. Тој бил на гости во градот и кај пријател на Коце, страствен риболовец ги видел пливките, побарал неколку и потоа кога стигнал таму се пофалил дека се одлични, квалитетно изработени и дека се функционални.
Оваа моја работа е голем љубов, макотрпна работа, не се работи за пари. Цел ден сум посветен на неа. Ова е уметничка работа. Ги изработувам со калап, тој е многу тешко да се создаде. Толку сум внесен во изработката на пливки, што ни моите не можат да ме разберат – завршува Коце.
Tweet |