Петар Печков
Објавено: петок, 31 мај 2019
Поранешниот кошаркарски репрезентативец,Владимир Брчков, кој една година живееше во Австралија, се врати дома, во Велес. И најавува дека неговите аспирации се враќање меѓу најдобрите македонски кошаркари.
Поради семејни обврски се вративме назад, чекаме принова во семејството - вели Владимир.
Тој ланската година не беше надвор од теренот, настапуваше за екипа од Мелбурн. Со доаѓањето во Македонија се врати и желбата за докажување.
Повторно сум во тренажен процес, до есен ќе бидам во топ форма. Повредата и недоразбирањата се зад мене, се надевам дека ќе успеам да се договорам со македонски клуб и да заиграм во домашното првенство - додава Брчков.
Тој игра на позицијата 3 и 4. Со екипата на Фени во 2010 ја освојува двојната круна, во 2011-та со Фени е повторно шампион и освојувач на балканската БИБЛ лига. Во 2018-та како интернационалец настапува за екипата на Тирана каде ја освојува двојната круна, шампионатот и Купот. Учесник е со македонската репрезентација на две Европски првенства во 2013-та во Словенија и 2015-та во Хрватска, како ко-домаќин.
Гледам дека во кошаркарскиот сојуз има ново раководство, се надевам дека со моите игри ќе успеам да се наметнам и да бидам дел од репрезентацијата - кажа Брчков.
Тој во февруари стапи во брак со Леона Здравева а имаат и три годишна ќерка Киара.
Tweet |