Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 февруари 2015
Владимир Брчков, член на македонската кошаркарска репрезентација се ожени. Негова животна сопатничка е штипјанката Леона Здравева. Нивната едногодишна врска тие ја крунисаа со брак во матичното во Велес. Присутни беа најблиските од двете семејства а свадба планираат, велат можеби по една година.
Одлучивме нашата врска да ја заклучиме со брак. Бидејќи моите обврски со кошарката се постојано во движење, потребно ни е двајцата да бидеме заедно, местото на живеење ќе биде променливо, Велес, Скопје, Гевгелија, каде налага работата. Посакувам мојата сега сопруга, Леона да магистрира на архитектура, јас да имам успех со клубот и репрезентација на ЕП во Загреб - рече Владимир.
Брчков е член на македонската кошаркарска репрезентација и член н а прволигашот Кожуф од Гевгелија, со кого со успех се натпреварува во Балканската БИБЛ лига. Очекува дека таму ќе забележат успех и како што започна годината со брак, така ќе продолжи со успех и кај сопругата Леона, така и кај него во кошарката.
Tweet |