речник контакт

Кој е на листата на најдобро платените велешани за 2016-та (видео)

УЈП ги обелодени приходите за 2016. Лани велешанец од дополнителна дејност остварил приход од 58,27 мил денари. Друг од дивиденда 66 милиони денари, трет од издавање станови спечалил 18 милиони денари

Петар Печков

УЈП на прес конференција ги објави податоците  од пријавите  за  Годишна даночна пријава за 2016 година. Неа ја поднеле 439.689 граѓани. На листите се најдоа и четворица велешани во ТОП 10 најдобро платените.

Најмногу пријавил велешанец по основ  заработка од дивиденди 66,33 милиони денари. На  врвот  е скопјанец со  заработка од 109.1 милиони денари.  Од повремено вршење на услуги, освен основната, жител на Велес заработил 58.2 милиони денари, додека на четврто место е друг велешанец со  заработени 32,39 милиони денари.

Четвртиот велешанец кој го нотира УЈП е на листата  остварени бруто приходи од имот и имотни права - издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот, кој пријавил  во 2016 година 17,99 милиони денари. На врвот  е обврзник од Тетово, кој пријавил 65.5 милиони денари.

Највисок годишен приход за 2016 е 255 милиони денари

За 2016 година, граѓанин од Скопје пријавил 255.4 милиони денари, што е и највисок годишен бруто приход искажан во Годишните даночни пријави за оваа година. Втор на листата, со остварен годишен бруто приход од 234.258.570 денари, исто така, е граѓанин од Скопје. На листата со највисоки приходи пријавени во Годишната даночна пријава за 2016 година има и граѓани од Струга со остварени 124.577.479 денари и од Кочани со остварени 95.796.120 денари.

Највисоката годишна бруто плата во 2016 година во износ од 167.786.446 денари е исплатена во приватното здравство, во Скопје, па потоа следат секторот трговија /производство на фармацевтски производи и препарати; неспецијализирана трговија на големо; компјутерско програмирање; производство на фабрикувани метални производи; производство на печки и горилници; специјалистичка медицинска пракса; и адвокатската дејност. Сите се од  Скопје, освен еден стружанец и охриѓанец.  

Највисокото „дополнително примање и надоместок од работен однос“ изнесува 25.6 милиони денари на годишно ниво, за скопјанец па богданчанец со 22,5 мил. денари. 

Највисока заработувачка пријавиле пензионери од Струмица и од Скопје, кои освен пензијата оствариле и приходи по други основи. Прворангираниот пензионер од Струмица пријавил 41,8 милиони денари вкупен годишен бруто приход по сите основи, вклучувајќи ја и пензијата. Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија е пријавен во Скопје, и тоа 1.838.837 денари.

Интегрално  прес конференцијата на директорката на УЈП

 

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »