Петар Печков
Објавено: вторник, 15 февруари 2022
Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за спортските клубови. Истите можат да се материјализираат од фирми и поединци, од нивната добивка која ја остваруваат. Или можат да ги искористат за добивање средства од даночните обврзници во земјава.
Износот на ваучерите е различен во зависност од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреварување. Станува збор за владина мерка, со која државата се откажува од парите по основ на данок на добивка и ги пренасочува во македонскиот спорт.
Еве колку средства добија велешките клубови:
ФК Борец 1919 - 3,2 милиони денари
ГОК Борец 2 милиони денари
КК Борец баскет 900 илјади денари
ККК Арка 600 илјади денари
ККК Вардар 580 илјади денари
ККК Бабуна 470 илјади денари
МВК Велес 440 илјади денари
ККК Вила Зора 350 илјади денари
ЖФК Борец 250 илјади денари
Стрелечки клуб Велес 250 илјади денари
Карате клуб Гладијатор 220 илјади денари
ККК Гемиџии 200 илјади денари
Кикбокс клуб Будо 190 илјади денари
Боксерски Клуб Борец 160 илјади денари
Параглајдинг клуб Аквила 75 илјади денари
ССРИ Велес 70 илјади денари
Мото клуб Велес 70 илјади денари
Пеливански клуб Пеликан 60 илјади денари
КРА Ронадори 55 илјади денари
Боречки клуб Борец 50 илјади денари
ЗРС Бабуна 40 илјади денари
ФК Превалец 34 илјади денари
ЗСР Професионал 20 илјади денари
Ваучери добија и спортисти поединци кајакари и велосипедисти:
Ангел Петрушев 100 илјади денари
Александра Златаров 90 илјади денари
Љубомир Спасиќ 90 илјади денари
Енис Небиоски 90 илјади денари
Христијан Ванчевски 50 илјади денари
Виктор Ванчевски 45 илјади денари
Листата е изработена според листа на Агенцијата на млади и спорт
Tweet |