речник контакт

Кралската свадба на принцот Хари и актерката Меган Маркл (фото и видео)

Кој се бил на свадбата, со која песна стапиле во брак, каков фустан носела младата...

Петар Печков

Во замокот Виндзор стапија во брак принцот Хари и американската актерка Меган Маркл. Меган Маркл носеше венчаница креација од Живен Ши  во вредност од околу 100.000 фунти.

Церемонијата се одржа во Сент Џорџ капелата пред 600 гости, меѓу нив и многу селебрити. Меѓу гостите беа и двете поранешни девојки на принцот Хари. На свечената вечера Принцот Чарлс поканил 200 лица. 

За време на венчавата црковниот хор, по желба на младите ја испеа ,, Stand By Me,,.

Тијарата  за главата е од 1932 година и е сопственост на кралицата Елизабета 2, која и ја позајмила на младата. Накитот  кој го носела невестата е од Картие. На велот ги имало 53-те цвеќиња од сите земји членки на  Комонвелтот. Според одредени проценки свадбата чинела околу половина милион фунти.  На неа присустувале и братот , сестрата на покојната мајка на принцот,  Дијана. 

По венчавката, парот ќе ги добие титулите војводата и војвотката од Сасекс.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »