Петар Печков
Објавено: вторник, 29 јануари 2019
Големо признание за крводарителите од Велес, Градско и Чашка. Во 2018 година тие го натфрлија планот за реализирани крвни единици за 242,83 проценти. Со тоа се рангирани како први, најдобри во Македонија.
Огромна благодарност од Црвен крст на Република Македонија Организација Велес до сите крводарители. Голем удел за постигнатите резултати имаат вработените во Службата за трансфузиологија при Општата болница од Велес. Секако и волонтерите на Црвен крст кој ги организираа и со екипите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ги реализираа 26-те крводарителски акции во минатата година - напишаа на нивниот ФБ од ОО на Црвен крст Велес.
Tweet |