Петар Печков
Објавено: вторник, 19 септември 2023
Крводарителска акција за прв пат се одржа во ЈЗУ „Здравствен дом“Велес. На истата даруваа вработените во оваа институција. Беа собрани 34 крвни единици, бројка која е над очекувањата на организаторот и ја оцени за успешна. Од нив 18 се мажи и 16 жени, а петмина биле првократни дарители.
Меѓу нив беше и претседателка на ОО на Црвен крст Велес д-р Кевица Клифова а директорот на ЈЗУ Здравствен дом Нино Николов даруваше по 50 пат. Од дарителите петмина даруваа за прв пат и официјално станаа крводарители.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, помогнати од Јавната здравствена установа Здравствен дом.
фото ОО Црвен крст Велес
Tweet |