Петар Печков
Објавено: среда, 06 април 2022
Во текот на вчерашниот ден се одржа крводарителска акција организирана од Детската градинка „Димче Мирлев“ и Општинска Организација на Црвен крст Велес. На истата собрани беа 37 крвни единици, 10 дарители за прв пат . Истата се одржува втора година по ред а по повод патрониот празник на Детската градинка. Лани биле собрани 30 крвни единици.
„Ова е една од ретките крводарителски акции каде има повеќе жени дарители со 20 отколку мажи со 17. Имаше повеќе заинтересирани дарителите, но 17 лица беа вратени, бидејќи докторот проценил дена не можат во овој момент да даруваат крв“- кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Крводарителската акција беше реализирана во Ликовниот салон.
Tweet |