речник контакт

Кривична за поранешниот градоначалник на Лозово

О.Ц. се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Петар Печков

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(55) од село Каратманово, поранешен градоначалник на Општина Лозово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Во временскиот период од 01.09.2015 година до 29.03.2017 година,  пријавениот,  како градоначалник на општина Лозово, во пет постапки за утврдување на правен статус на бесправни објекти, и покрај тоа што знаел дека објектите не претставуваат градежна и функционална целина, донел пет решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект со што им овозможил на сопствениците на објектите, да се стекнат со правен основ за запишување на правото на сопственост на објектите  во Агенцијата за катастар на недвижности Свети Николе, односно во јавната книга за запишување на правата на недвижностите- информираа од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »