Петар Печков
Објавено: среда, 13 март 2013
Општина Велес поднесе кривични пријави против лицата Д.Ќ. , С.А и Е.Н. сите од Велес за две кривични дела бесправна градба и узурпирање на јавно -прометни површини. Тие на почетокот од годинава, иако немале дозвола за пренамена на просторот започнале со градба.
Наместо гаражи, изградиле деловен простор дуќани. При ова не се почитувани општинските забрани да престанат со градба, да го вратат во првобитна состојба просторот, исекле дрвја брези кои биле на просторот каде градат. Згора на тоа освоиле и дел од јавните зелени површини.
Заради сите овие дејствија на тројцата сопственици, тие добија кривични пријави кои се поднесени до Основното Јавно обвинителство во Велес.
Tweet |