речник контакт

Кривични за осум лица од раководството на Транс Велес и за директорот на Велеспром

Сите се сомничат за злоупотреба на службена должност

Петар Печков

СВР  Велес поднесе кривична пријава против лицата С.К.С. државјанин на Р.Бугарија, И.Т. (1962) од Велес- извршен директор на Транс Велес АД Скопје и сопственик/управител на „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес- мнозински акционер во АД Транс Велес АД Скопје, З.К. (1957) од Скопје- претседател на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје, Л.Т.И. (1975) од Велес- член на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје, С.Л. (1963) од Велес- член на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје , Д.Л. (1957) од Велес- член на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје, Н.Л. (1965) од Велес- член на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје и Н.Н. (1963) од Велес- член на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје , поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување. 

С.К.С. како овластено лице- извршен директор на „Транс Велес“ АД Скопје, И.Т. во својство на претседател на Одбор на директори и останатите пријавени во својство на неизвршни членови на одборот на директори на АД „Транс Велес“ АД Скопје, во 2005 година ја злоупотребиле службената положба и овластување  на тој начин што, иако настапила околност за отворање стечајна постапка, истите донеле одлука а потоа и склучиле Анекс договор со кој се одобрува ставање на дополнителна хипотека на недвижен имот  од 1,5 илјади м2  проценет во износ од 307 800 евра, имот на „Транс Велес“ АД Скопје, како гаранција заради обезбедување на кредитно барање на „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес. Заради неисполнување на обврските од страна на „Тедико Илија“ ДООЕЛ по барање на доверителот Тутунска банка АД Скопје, спроведена е постапка за извршување врз недвижноста сопственост на Транс Велес АД Скопје, односно, извршена е продажба на недвижноста во вкупна вредност од 20 474 888 денари, сума за која им нанеле значителна штета на останатите акционери на Транс Велес АД Скопје. 

 

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Ј.С. (1957) од Велес- извршен директор на АД „Велеспром“ Велес поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот во својство на овластено лице- извршен директор на АД „Велеспром“ Велес, во 2005 година постапил спротивно на Законот за трговски друштва, односно, без одлука на надлежен орган на АД „Велеспром“ Велес (Одбор на директори и Собрание на акционери), самоиницијативно склучил штетен договор и го отстапил побарувањето во износ од 8,4 милиони денари во корист на ДАТШ „Транс Велес“ . Побарувањето произлегува од инвестиционите вложувања кои АД „Велеспром“ Велес ги вложил како соинвеститор во реконструкција на објект на „Транс Велес“, за да потоа, „Транс Велес“  реконструираниот објект го заложи во корист на мнозинскиот акционер „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес. Со наведеното, пријавениот нанел значителна штета на имотот на АД „Велеспром“ Велес во износ од 8,4 милиони, во корист на Транс Велес.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »