Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 март 2012
Во саботата на 19 март на улица Игманска околу пладне, маалско куче каснало дете, информираа од велешката полиција. Во тој период додека мајката ги испраќала на училиште нејзините две малолетни деца ги пресретнало куче НН раса кое што било пуштено без надзор и без корпа на устата, по што му се нафрлило на помалото каснувајќи го под десната подлактица.
При ова му нанело телесна повреда и предизвикал страв кај мајката и нејзините деца. Поради ова велешатка полиција изминатата седмица поднела две барања за поведување прекршочни пријави за регистрирано две нарушувања на јавниот ред и мир „држење кучиња без заштитна маска“. Втората пријава е за сопственик кој држел пит бул без заштитна маска.
Ова повторно го отвара прашањето за кучињата скитници и нивното згрижување, бидејќи голем е нивниот број по велешките улици.
Tweet |