Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јануари 2018
Според бројките добиени од ЈКП Дервен, миантата гдоина на територијата на Општина Велес, комуналците собрале 8.348 кг кг електронски и електричен отпад.
Од оваа количина, 1.890кг биле собрани во текот на ноемвриската акција за собирање на електричен и електронски отпад од домаќинствата. Останатите 6.458 кг се собрани во текот на 2017 година од правни лица, институции, по јавување од нивна страна.
Најмногу е -отпад има собрано од Средното Економско училиште ,,Јовче Тесличков,, , за што доби признание и од локалната власт. Но зачудува што лани има собрано помало количество на е-отпад отколку во 2016-тата кога дервенци забележиле 9 тони.
Tweet |