Петар Печков
Објавено: четврток, 24 март 2016
24 март е Светски ден на туберколозата бидејќи на овој ден Рооберт Кох ја пронашол бактеријата причина за оваа болест. Таа е глобален светски проблем за неразвиените земји и земјите во развој. Туберколзота е социјална, инфективна хронична болест. Една третина од светската популација е инфицирана или има латентна туберколоза. Т
олку се инфицирани но не се и заболени и тие не можат да ја пренесат болеста на други. На светско ниво лани имало 9,6 милиони заболени а 1,5 милион починале. Епидемијата на ХИВ според надлежните придонесува за зголемување на бројот на заболени од туберколоза, оваа инфекција е најмоќен фактор кој овозможува прогресија на туберколозната инфекција. Годинешно мото под кое се обележува овој ден е ,,Здружени во борбата против туберколозата,,
Од 2005 до 2015 постојано оваа болест е во пад. Поради тоа Глобалниот фонд за борба против туберколоза и маларија, заминува од Македонија бидејќи мисијате е завршена во лекувањето на оваа болест. Македонија е со намален број заболени и е со средно развиен стандард и затоа не се потребни во земјава. Обврската ја преземаат Министерство за здравство и Фондот за здравство. Навремено пронаоѓање, навремено лекување како и контрола и пронаоѓање на контактите - лица кои кои се во првиот круг на блиски на заболениот и со кои најголем дел од денот минуваат заедно со него, се најважни за лекување на заболените - изјави д-р Убавка Јаневска од Амбулантата за туберколоза и белодробни заболувања.
Таа ги соопшти бројките во Македонија на заболени од туберколоза за 2015-та година. Има 284 пациенти заболени од кои 14 се деца, а вкупно починале лица. Се поместува возрасната граница на заболените кон популацијата од 45 до 54 години. Во Велес лани биле регистрирани четири болни од кое најмалото имало шест месеци, од мајка заболено бебе, до 75 годишен пациент.
Од овие случаи една е белодробна и три вон белодробна туберколоза. Лекувањето трае од 6 до 8 месеци. Во првото торомесечие годинава во велешко се регистрирани шест заболени, пет белодробни и еден вонбелодробен пациент. Бројките кои таа ги презентираше на болни од туберколоза се однесуват на територијата на општините Велес, Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Демир Капија.
Tweet |