Петар Печков
Објавено: вторник, 09 март 2021
Податоците до кои ТрМр дојде по пат на прашање од јавен интерес, покажува дека минатата година во велешко има опаѓање на бројот на склопени бракови но и помалку разводи.
Минатата година во Управата за водење матична евиденција -Велес, биле склопени 266 брака, наспроти 406 во 2019-та година.
Од Основен суд Велес соопштија дека во 2020-та година биле донесени 98 одлуки за развод, наспроти 108 донесени одлуки во 2019-тата година.
Претходно ТрМр објави дека минатата година природниот прираст во велешко е во негатива, има повеќе починати лица, отколку живо родени бебиња
Во бројки има 309 повеќе починати отколку родени.
Tweet |