речник контакт

Ланските дождови ги избркаа закупците од Пазарот

Започна постапката за изградба на покриен Градски пазар

Петар Печков

Претходната дождлива година  донесе помала понуда на велешкиот пазар, но и помалку приходи за сопственикот на Градскиот пазар. Работната единица пазари при ЈКП Дервен минатата година собра помалку средства од планираното, но и помалку отколку година дена претходно.

Во 2014 година остварен е приход од 5,17 милиони денари што  помалку од планираните 5,8   но и во однос на 2013-та кога биле собрани 5,26 милиони денари. Причината за   намалениот  приход раководството ја гледа во дождливата година, која ги избрка продавачите од пазарите во градот. Пред се на главниот пазар во стариот дел, кој е отворен. 

Минатата година  имавме доста врнежливо време, а тоа придонесе да се намали родот кај земјоделците производители и да се намали нивнмото присуство на пазарите. Во периодот од вкупно 155 пазарни денови имавме 60 врнежливи, што ја намали застапеноста на нашите коминтенти. Тоа влијаеше  на  намалувањето и на  приходот по основ на резервации,  исто како и пазарната такса - велат од РЕ Пазари при ЈКП Дервен.

 На нивната работа позитивно влијаеле кириите од издавањето на деловниот простор  на пазарот во Нова населба. Тој лани беше реновиран, покривната конструкција  санирана,   со што е зголемен приходот од кирии. Во Велес има три пазарни денови, вторник, петок и недела. Закупците пак реагираат на лошите услови на работа, кои ги има на стариот пазар.

Плаќаме и резервација и такса, но имала лоши услови за работа кога студи, кога врне. Прокиснува од покривот на металните тезги, водата паѓа, капе врз нас, врз стоката, врз купувачите. Потребно е да се покрие Градскиот пазар - велат закупците.

Пред некој ден започна постапката за изградба на покриен Градски пазар,на постојната локација. Се одржа Јавна расправа по промената на ГУП и ДУП, со  кој Велес ќе треба да добие современ пазар. Освен пазариште ќе има и деловен и административен простор. Тој треба да се гради со јавно- приватно партнерство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »