речник контакт

Лепидовски и Костиќ во составот на македонската одбојкарска селекција за натпреварите од „Златата лига“

Тие ќе бидат дел од репрезентацијата на настапите во Златната одбојкарска лига

Петар Печков

Новиот селектор на македонската одбојкарска селекција, Јошко Миленковски во составот на репрезентацијата повика двајца членови ана ГОК Борец. тоа се средниот бл0окер Филип Лепидовски (22 год) и примачот Лука Костиќ (23 год). Тие треба да се јават веќе утре, 5-ти мај на собирот кој ќе се одржи во Маврово. Таму ќе бидат подготовките за натпреварите од „Златната лига“.   

Македонија е во група со Украина, со Белгија и со Хрватска, а средбите со овие силни репрезентации ќе послужат како подготовка за учеството на Европското првенство на коешто коорганизатор ќе биде и Македонија. Во лигашкиот систем од 27-ми мај до 18-ти јуни, редоследно ќе играме  против Украина на гости во Полска, па со Белгија и со Хрватска во Скопје, потоа ќе одиме во Белгија и во Хрватска, а групата ќе ја завршиме со домашен меч против Украина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »