Петар Печков
Објавено: среда, 12 август 2015
Летен камп на Клуб на млади Општинската организација на Црвен Крст Велес, оваа година се одржа од 6-ти до 8ми август на манастир Св.Илија. На истиот присуствуваа 50 волонтери од 9 Општински организации на Црвен крст.
Целта на кампот е да ги вмрежи младите волонтери, преку интеракциски сесии да се поттикнат да иницираат нови активности, да споделуваат разни волонтерски искуства, да стекнат нови вештини и да се мотивираат за идни активности во своите средини.
Младите волонтери имаа прилика да се запознаат и со програмата „Црвен крст Рутина“ која претставува алатка за регрутирање и оспособување на нови активни млади волонтери.
Претходно годинава од 29 јуни до 1-ви јули за новите членови на Клубот на млади и учесниците во ЦКА-ПХВ циклусот 2015 година од велешкиот Црвен крст се одржа летниот камп во планинарскиот дом во селото Мокрени.
Целта на кампот е да се зголеми бројот на нови волонтери од ЦКА ПХВ циклусот, преку нивно вклучување и обука во повеќе дејности. За време на тридневниот камп се организираше дисеминација за основите на меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, презентација за волонтерството, практична и теоретска настава за тимската работа.
Беше одржана презентација за работата и активностите на општинската организација на Црвен крст Велес, Клубот на млади. Покрај стекнувањата на нови знаења и вештини, на кампот се стекнаа и нови пријателства, дружења и прошетки по прекрасните предели во околината на селото Мокрени.
Tweet |