речник контакт

Летните тераси подранија

Официјално поставувањето започнува од 15-ти март трае до 15 октомври

Петар Печков

Иако поставувањето на урбаната опрема започнува од 15-ти март, поголемиот дел од сопствениците на локалите во градот, на отворено ги поставија масите и столовите предвреме.  И тоа од средината на февруари. Со ова се прекршува правилникот донесен од локалната  власт. 

Доаѓаат локални избори, некој си зема повеќе право, други пак попуштаат.  Во секој случај испративме инспекција, да провери и укаже. Законот мора да се почитува, од сите а тука влегува поставувањето  на  урбана опрема, на маси столови  со одредени рокови – изјави градоначалникот Чадиев.    

За поставување на урбаната опрема локалната власт наплатува и  е изворен приход на општинскиот Буџет. Со поставувањето пред време, пред почетокот на сезоната, таа бидејќи не дала одобрување и не може да го собере надоместокот за овој период. Или ќар имаат само локалите кои работат без да платат надоместок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »