Петар Печков
Објавено: четврток, 24 ноември 2016
Либерална партија, која самостојно настапува на овие избори вчеравечер се престави пред велешани, на средба со граѓаните на Сармаале. Настапија претседателот на партијата и носителот на листата за Изборна листа 3.
Величковски збогуваше за економски теми и нагласи дека не смее гласачите да наседнуваат на лажни прашања и јавноста да се дефокусира со прашања кој никој не им ги поставува.
Наша цел не е по изборите да продолжи истата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Застануваме во oдбрана на либералните вредности – претприемаштвото, да се намали државниот Буџет на 2,9 милијарди евра, 500 милиони евра да завршат кај граѓаните и бизнисот. Порака до бизнисмените, вие го создавате доходот и тие треба да се на пиедесталот. Не една или друга политичка банда да ги притискаат и да не можат да ги остварат профитите а граѓаните да не земаат плата. Остануваме со рамниот данок и за нас најважно е како се трошат народните пари – рече Ивон Величковски претседател на ЛП.
Тој потенцираше дека секој глас даден за пржинската четворка е глас за продолжување на кризата и дека настапуваат самостојно, оти не сакаа да бидат ничиј приврзок.
Носителот на листата, велешанецот Данчо Марковски посочи дека негова заложба ќе биде младите да се врат во родниот град, во Велес.
Многу млади заминаа од градот, бидејќи тука нема егзистенција. Велешани бараат работа. Не ни требаа,,бомбите,, да ги слушаме, за да знаеме каква е ситуацијата во државата. Сите ја чувствуваме. Од државата корист имаат само одредени структури не` народот и ние сме за промена на системот, не за замена. Ние нема да обвинуваме чудни странски служби, нема да споменуваме Букурешки и рамковен договор, затоа што животот има својство да тече напред. Потенцираме правилно буџетирање и редуцирана администрација, хумана држава, цивилна контрола врз службите и секуларна држава. Солидарен концепт 30 илјади семејства да излезат од долговите. Државата како гарант за долгот ќе овозможи полесно враќање на истиот, без должникот да биде притискан од дополнителни камати и судски такси – рече Марковски.
На листата на ЛП од Велес се најдоа и велешаните Александар Јаковлевски и Андреја Радиновски.
Tweet |