Петар Печков
Објавено: петок, 17 февруари 2017
Магда Јосифовска е победник на јубилејната 25-та манифестација ,,Вешта жена на Велес за 2017-та,,. Таа според жирито имаше најдобро уредена маса и највкусно солено јадење и торта од петте учеснички.
Јосифова која учествува за прв пат, се претстави со чоколадна торта ,, чоколадна фантазија,, и пилешко роловано месо.
Манифестацијата опстојува четврт век, ја одржува искреноста и пријателствата меѓу жените, кои не зависат од никого освен од нив. Овде се дружат жените без оглед на националноста, политичката ориентација – изјави Жане Стојанова организатро ан манифестацијата.
Годинава токму од Велес започна карванот на ,,Вешта жена за 2017-та,, кој ќе опфати 22 града . Сите учеснички на манифестацијата добиваат осум дневен одмор летово на Јадран на крајот на јуни, додека само победничките се здобиваат со право да бидат дел од финалето кое е на 12-ти и 13-ми мај на Лешочки манастир
Tweet |