Петар Печков
Објавено: недела, 06 март 2011
Група млади од Велес, кои досега работеа во рамките на ОО на Црвениот Крст, формираа Здружение за безбедност на вода и планина МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ. Првата аквитност им беше на Богојавлени Водици, кога со чамец ги обезбедуваа пливачите кои се фрлија по крстот.
Задачи и цели на МАКЕДОНСКИ СПАСИТЕЛ се да ги чува животите на капачите и посетителите на планина и секогаш интервенира кога има потреба за тоа, врши обука, дообука и тренинг семинари за подигање на квалитетот на безбедноста на вода и планина, едукација на спасителите, прва помош, едукација на граѓаните за опасностите при капење и посета на планина, едукација на граѓаните за применување на првата помош.
Tweet |