Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 јануари 2024
Во текот на вчерашниот ден, во Полициска станица Велес извршен бил службен разговор со малолетник, кој живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, која останала бремена од него
„На 28 јануари во СВР Велес, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од велешко село. Според пријавеното, тој живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од велешко село и извршил обљуба врз неа, по што останала бремена“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Tweet |