Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2024
Меѓусебно мајка и ќерка се пријавиле за семејно насилство. Полицијата примила две поплаки. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 1 декември во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Н.(29 год) од Велес, постапувајки по претходна пријава од нејзината 56-годишна мајка дека во семејниот дом физички ја нападнала. Исто така, и З.Н. пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од нејзината мајка“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настаните бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по документирање на настаните ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |