речник контакт

Министерство за финансии - Општина Велес на 12-то место по задолженост меѓу општините во Македонија

СДСМ локалната власт должи 101 милион денари, Општина Велес - тоа се невистинити податоци

Петар Печков

Општинската   организација  на  СДСМ од Велес  на  прес   конференција   објави дека се   потврдени  нивните  тврдења дека општина Велес во последните години стана сериозно задолжена општина.

Официјално,според Министерството за финансии  општина Велес има долгови во висина од 101 милион денари кон фирмите за реализирани, а неплатени градежни зафати, кон ЈКП Дервен и кон фирмите кои ги превезуваат учениците. Со тоа Велес стана една од најзадолжените општини и е рангирана на 12-то место. Сепак, нашите сомнежи се дека долговите се многу поголеми и дека достигнуваат до 3 милиони евра бидејќи не се прикажани сите фактури и ситуации. Постои сериозна загриженост за нарушената ликвидност на општината. Тоа може да доведе до блокирање на жиро сметката на општината и до парализирање на сите активности. Таа треба со програмите за работа по области и со буџетот да предвиди онолку трошоци колку што има приходи. Во спротивно е одговорна за незаконско работење. Затоа, оттука, упатуваме апел до градоначалникот Славчо Чадиев следните приходи да ги намените за да ја раздолжите општината. Во спротивно, доколку општината ја оставите задолжена, ќе се соочите со лицето на правдата и за тоа кривично ќе одговарате според законските прописи што ја регулираат оваа материја – изјави на   прес конференцијата  портпаролот Весна   Стојанов Богоевска.  Таа потсети дека на завршувањето на мандатот на нивниот градоначалник Аце Коцевски, во април 2009-та,  ја оставил општината со 6,8 милион денари позитива.

 Од локалната власт   возвратија дека СДСМ во отсуство на аргументи се служи со паушални напади,празни прес конференции и невистинити податоци со  кои  сакале да ја прикријат вистинската слика во градот но и да и наштетат на  угледот.

СДСМ повторно заборавија дека Општина Велес по многу параметри е најдобрата Општина во државата. Воедно сакаме да ги информираме дека Општина Велес редовно ги извршува обврските кон побарувачите. Нивната лажна грижа нема потреба да ја истакнуваат. Сметката на Општина Велес нема да биде блокирана. Единствениот период кога општината не можеше да ги извршува своите надлежните е периодот кога СДСМ создаде вештачка криза, вакум период и не ги распиша локалните избори, па во одреден период беа суспендирани потписите на градоначалниците. На СДСМ очигледно им смета фактот што во изминатиот период Велес е претворен во вистинско градилиште и градежната офанзива на локалната самоуправа вроди со плод, кој е пресликан во задоволство кај граѓаните.   На СДСМ им смета фактот што граѓаните на Велес се задоволни што во изминативе четири години Градоначалникот Чадиев реализираше над  400 проекти. Само во делот на инфраструктурата реализирани се 120 проекти. Велешани многу добро знаат каде и како се трошат нивните пари. Општина Велес е најтранспарентна помеѓу сите општини во државата но и потранспарентна и од сите министерства во Владата на РМ – пишува во реакцијата на  Општина  Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »