Петар Печков
Објавено: петок, 02 јануари 2015
Новогодишната ноќ мина како ретко кога, мирно и без инциденти. Надлежните без работа.
Во велешката Болница дежурните биле без работа.
Немаше повредени, немаше прејадени, лица кои дошле во алкохолизрана состојба. Немаше интервенции за повредени од тепачки, сообраќајки - изјави директорот д-р Атанас Василев. Работа немаше и во акушерското оддление, таму првото бебе се роди на први јануари доцна попладне.
Интервенции немале ниту пожарникарите и полицијата.
Дочекот на Новата година во Велес, помина мирно, без регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир или пред објектите каде имаше организиран дочек. Немаше ниту регистрирани сообраќајни несреќи - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.
Tweet |