Петар Печков
Објавено: среда, 30 мај 2018
Двајца велешани, се членови на репрезентацијата на Македонија во кајак на Европското првенство во слалом, кое ќе се одржи од 31 мај до 3-ти јуни. Се вози на патеката Троја близу Прага, Чешка. Македонската селекција ја сочинуваат кајакарите Борче Мирчевски и Енис Небиовски.
Тие ќе возат слалом во К-1. Квалификациите се на програмата во петок, кога ќе се возат двете елиминациони трки, полуфиналето на 20-те најдобри е во сабота а финалето каде учествуваат 10-те со најдобри времиња е во недела претпладне.
Тренер на репрезентацијата е Роберт Папазов.
Tweet |