Петар Печков
Објавено: вторник, 28 јуни 2016
Викендов на патеката Солкан Словенија се возеше кајак натпреварување од Европскиот куп, каде возеа тројца велешани, во младинските категории. Се возеше две трки во саботата и неделата.
Во саботата Христијан Игнатов од ККК Бабуна во елиминациите беше 22 од 65 натпреварувачи а 31 во финалето. Неделата беше 24-ти од 65 , додека во финалето беше 18-ти од 30. Тој возеше трка за учесници на возраст до 16 години.
Виктор Миланов кој вози за ККК Илинден од Скопје, беше 29-ти од 43 во елиминациите а во финалето 31-ви. Во неделата беше 25-ти од 43 во елиминациите а во финалето 21-ви од 30. Тој возеше за кајакари на возраст до 18 години.
Александар Златаров кој исто така вози за скопски ККК Илинден во елиминациите беше 14-ти и 17-ти во двете возења, двата дена и не влезе во финалето.
Овие тројца кајакари среда возат на трка до Европскиот куп за кајакари во Австрија, додека викендов возат на завршницата во Германија.
Tweet |