Петар Печков
Објавено: недела, 11 јуни 2017
Саботата попладне, во 14,35 часот на магистралниот пат Велес- Штип, кај село Сарамзалино, се случила сообраќајна незгода .
До неа дошло откако М.А. (42) од Прилеп управувајќи моторцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди.
Според докторите од Општа Болница Велес, имал контузија на граден кош, глава и врат, и фрактура на потколеница, кој по укажаната лекарска помош во во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |